• петок, 05 декември 2025

Општина Битола со нови инфраструктурни проекти и објекти

Општина Битола со нови инфраструктурни проекти и објекти

Битола, 14 јули 2025 (МИА) - Општина Битола ќе реализира нови инфраструктурни проекти од сопствени средства како и со средства од македонската Влада која одобри 707 милиони денари, истакна градоначалникот Тони Коњановски на седница на општинскиот Совет кој денеска заседава за измени и дополнување на локалниот буџет.

Според Коњановски, станува збор за витални и значајни проекти од различни области – образование, спорт, нови паркинг простори, патна, водоводна и канализациона инфраструктура.

-Со прифаќање на пределожениот ребаланс ќе се изградат три типски училишни спортски салаи, девет училишни спортски игралишта, шест нови паркинзи, атлетска патека на стадионот „Петар Милошевски“, но и нови улици, рече меѓудругото Коњановски.

Со ребалансто на буџетот ќе се изградат и реконструираат улици во населените места Карамани, Барешани, Ротино, Раштани, Трн, Братиндол, Горно Оризари и други битолски села.

-Ребалансот покрај инфраструктурата предвидува одвојување дополнителни средства за непречено одвивање на наставниот процес во основните училишта во нашиот град, противпожарната единица, старскиот дом, ЈП Пазари, Зоолошката градина. Би сакал да укажам дека утрово добив дописи од синдикалните организации на овие институции, а истите се испратени и до Советот во кои се апелира за поддршка на ребалансот преку кој ќе се издвојат дополнителни средства за реализација на активностите на овие витални институции во нашиот град, нагласи Коњановски.

Градоначалникот Тони Коњановски потврди дека Општина Битола е во одлична финансиска кондиција и редовно ги исполнува своите договорни обврски што значи дека сите доспеани обврски се во целост исплатени заклучно со 30 јуни 2025 година. мт/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан