• среда, 03 јули 2024

Општина Битола почна со асфалтирање на патот кон потпелистерско Дихово

Општина Битола почна со асфалтирање на патот кон потпелистерско Дихово
Битола, 26 мај 2022 (МИА) - Општина Битола денеска почна со асфалтирање на патот кој води кон потпелистерското село Дихово. Станува збор за патен правец во должина од 1.200 метри, за што локалната самоуправа инвестира 5,6 милиони денари, средства обезбедени од општинскиот буџет. -Проектот за реконструкција на улицата ќе биде завршен до крајот на оваа недела, со што, покрај подобрените услови за локалното население, ќе се овозможи обновено патно поврзување на ова рурално туристичко место со градот, непосредно пред почетокот на летната сезона, кога и раздвиженоста во овој дел е зголемена, како од домашни посетители, така и од странски туристи, информираа од секторот за односи со јавност на Општина Битола. мт/ац/

Остани поврзан