• сабота, 16 ноември 2024

Општина Битола го утврди бројот на паралелки во средните училишта

Општина Битола го утврди бројот на паралелки во средните училишта

Битола, 16 март 2021 (МИА) - Советот на Општина Битола го утврди бројот на паралелки за ученици кои ќе можат да се запишат во новата учебна година, согласно јавен конкурс објавен од Министерството за образование и наука.

Битолските советници ги прифатија барањата на директорите на средните училишта, како и предлогот за отворање на нов образовен профил во земјоделско-ветеринарната струка на средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ каде се подготвени да едуцираат идни техничари за земјоделска механизација со четири годишно траење на образовниот процес.

Во останатите средни училишта понудата за упис ќе биде иста како лани, односно во гимназијата „Јосип Броз Тито“ ќе може да се запишат 180 ученици, во средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ има услови да учат 297 ученици со четири годишно и 68 ученици за тригодишно средно образование. Во средното медицинско училиште непречено ќе може да се образуваат 272 идни средношколци, додека во средното економско „Јане Сандански“, советниците дадоа согласност за упис на 170 ученици.

Најголем број завршени основци ќе може да конкурираат за упис со средното општинско училиште „Таќи Даскало“ каде според одлуката на Советот на Општина Битола дадена е согланост за 612 ученици кои ќе може да учат во 18 паралелки, а една од нив е со билингвална со настава на англиски јазик.мт/бт/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан