• петок, 22 ноември 2024

Општина Берово додели пет илјади денари парична поддршка за сите првачиња

Општина Берово додели пет илјади денари парична поддршка за сите првачиња

Берово, 31 август 2023 (МИА) -  Со цел олеснување на трошоците на родителите, на почетокот на учебната година, денеска на сметките на родителите на беровските првачиња, легнаа по 5.000 денари од Буџетот, информираа од Општина Берово.

Финансиска поддршка годинава ќе добијат 84 првачиња, кои годинава ќе го започнат своето школување во беровските училишта.

- На сметката на нивните родители денеска им се исплатени по 5.000,00 денари, како поддршка од локалната самоуправа, за купување на школски прибор, и други потребни работи за почетокот на учебната година. На почетокот на учебната година, секогаш трошоците на родителите се големи и од тие причини одлучивме, за сите првачиња, да дадеме поддршка на родителите, истакнаа од Општината.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски изрази надеж исплатените средства ќе бидат добредојдени во престојниот период.

- Подобрувањето на условите за учење за учениците, е еден од најважните приоритети на општината и ќе направиме се што е во наша надлежност за подобри услови за настава. Се надеваме дека овие средства  на родителите ќе им овозможат се што им е потребно за среќен почеток, на своите деца. Паралелно овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете, истакна Пекевски 

За реализација на оваа активност, Преку програмата за социјална заштита, од Буџетот на општина Берово за 2023 година, исплатени се вкупно 420.000,00 денари. вс/цр

Фото: Општина Берово

Остани поврзан