• петок, 05 декември 2025

Општина Берово го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост – поддршка, инклузија и човечност во фокусот

Општина Берово го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост – поддршка, инклузија и човечност во фокусот

Берово, 3 декември 2025 (МИА) - Општина Берово денеска го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост, посветувајќи го овој значаен ден на корисниците од Дневниот центар за лица со телесна или интелектуална попреченост.

Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински го посети Центарот, каде што на корисниците им упати искрени честитки, пожелувајќи им здравје, напредок, љубов, почит и континуирана поддршка.

-Нивната сила, истрајност и дух се пример за сите нас. Секојдневно ни покажуваат дека пречките не се бариера, туку предизвик кој се надминува со храброст, волја и љубов. Нашата заедница е побогата и похумана благодарение на лицата со попреченост, истакна Ружински.

Тој додаде дека општината останува целосно посветена на создавање услови за поголема инклузија, еднакви можности и достапни услуги, нагласувајќи дека потребите, идеите и гласот на лицата со попреченост ќе продолжат да бидат во фокусот на локалните политики.

-Како градоначалник, но пред сè како човек, сакам да знаете дека моето срце и срцето на Општина Берово се со вас – денес, утре и секогаш, рече тој.

Од општината изразија благодарност до лицата со попреченост и нивните семејства за, како што велат, постојаната лекција за хуманост, истрајност и човечност. вс/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан