• вторник, 05 ноември 2024

Општина Аеродром собра над 100 кубни метри кабаст отпад, акцијата продолжува до крајот на септември

Општина Аеродром собра над 100 кубни метри кабаст отпад, акцијата продолжува до крајот на септември

Скопје, 6 август 2024 (МИА) - Над 100 кубни метри или околу девет тона кабаст отпад се собрани досега во бесплатната акција што Општина Аеродром ја започна минатиот месец, а ќе трае и во текот на август и септември, при што ќе се реализира на 40 пунктови на ниво на целата територија.

Како што соопштија од Општина Аеродром, акцијата што се спроведува во соработка со ЈП за комунални дејности на општината, досега се реализира во населбите Мичурин, Острово и 13 Ноември. 

Денеска и утре садовите за собирање кабаст отпад се поставени на големиот паркинг кај пензионерскиот дом „Аеродром“ и на ул „Коста Новаковиќ“ број 42, кај контејнерите.

На 8. и 9. август, кабаст отпад ќе се собира на големиот паркинг кај градинката „Калинка“ и на улица „Милан Зечар“ кај воените кули, додека од 10. до 12. август (сабота, недела и понеделник) ќе бидат опфатени зградите на улицата „1615“ во близина на кулите Џевахир и кај „Меѓаши зад пунктот на ЈП
„Паркови и зеленило“.

- Паралелно со акцијата за собирање кабаст отпад, ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром неодамна спроведе и реорганизација на начинот на чистење, при што темелно се метат и мијат јавните површини, се косат тревниците и се кастрат гранките од дрвјата. Општина Аеродром повикува на совесно однесување, а доколку се забележи дека граѓани фрлаат кабаст и друг вид отпад на локации што не се наменети за тоа, ќе се применуваат најстроги казни. Со несовесното третирање на животната средина се создаваат лоши слики за општината и се нарушува квалитетот на животот на аеродромци, се наведува во соопштението од Општина Аеродром. цр/дма/

Фото: Општина Аеродром

Остани поврзан