• петок, 05 декември 2025

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина

Скопје, 26 септември 2025 (МИА) - Општина Аеродром информира дека поднела кривична пријава против ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина.

-Во изминативе 3 дена успеавме да собереме 24 тони комунален отпад (над 170 м³) од домаќинствата во Аеродром, работа која градското комунално претпријатие не ја изврши.  Ова беше возможно само благодарение на ангажманот и трудот на работниците на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром, се вели во соопштението од Општина Аеродром.  

Поради оваа вонредна ситуација, од општината посочуваат дека можеби биле запоставени редовните активности: чистење на плочници, тротоари и сервисни улици, косење, гребење и уредување на зеленилото, празнење на кантите за џебен отпад, собирање на лисја, гранки и на неколку места и кабаст отпад.

-Се извинуваме на сите жители за непријатностите и бараме разбирање. За целата состојба поднесовме и кривична пријава до МВР и Основното јавно обвинителство за загрозување на животната средина. Ова не е само прашање на отпад, ова е прашање на достоинство, здравје и иднина, стои во соопштението од Општина Аеродром. аа/вј/

Фото: Општина Аеродром

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан