• понеделник, 23 декември 2024

Општа болница Куманово почна со скрининг на рак на дојка

Општа болница Куманово почна со скрининг на рак на дојка

Куманово, 13 март 2024 (МИА) - Општа болница Куманово од денеска почна со скрининг на дојки за жени од 40 до 69 години, соопштија денеска надлежните од установата. Заинтересираните можат да се пријават skrining.zdravstvo.gov.mk, по што ќе бидат повикани со порака за термин.

-Проектот е на министерството за здравство, опфаќа жени кои се на возраст од 40-69 години, кои не се оперирани од рак на дојка. Нашите вработени посетуваа обука, подготвени се да извршат скрининг и да бидат опфатени сите пријавени. Мамографот е нов, услови има и ги повикуваме кумановки да се прегледаат. Раното откривање на карцином на дојка има исклучително влијание за понатамошното лекување. Да бидеме одговорни за своето здравје, тоа им го должиме на нашите деца, на нашите родители, на нашите партнери. Нашиот живот значи живот на семејството, изјави директорката на болницата, Биљана Ивановска.

Пациентките кои не се во можност да го искористат терминот, треба навреме да го откажат. Раната детекција, посоуваат лекарите е многу важна и може да спаси живот.

Кумановки шест години немаа мамограф, бидејќи стариот кој беше донација се расипа, по што во 2023 болницата доби современ мамограф од министерството за здравство. ам/ир


Фото: МИА архива

Остани поврзан