• понеделник, 23 декември 2024

Опремен нов кабинет по програмирање во средното општинско училиште во Илинден

Опремен нов кабинет по програмирање во средното општинско училиште во Илинден

Скопје, 3 мај 2023 (МИА) - Во Средното општинско стручно училиште „Илинден“ во населбата Илинден опремен е нов кабинет, кој е наменет за потребите на учениците по предметот програмирање, уредување на веб страни, автоматика, мултимедија, како и за потребите на останатите стручни предмети.

Од Општина Илинден информираат дека се набавени 28 мини десктоп компјутери i5, со исто толку монитори, тастатури и мауси. Сите компјутери се со лиценциран Windows 11 Professional.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски при посетата на средното училиште истакна дека локалната самоуправа континуирано работи на обезбедување квалитетни услови во образованието и успешно реализирање на образовниот процес, затоа што една од најзначајните области за развој на општина Илинден е инвестирањето во образованието.

Користењето на новата информатичка опрема, како што е наведено во соопштението, ќе овозможи поуспешно реализирање на образовниот процес преку примена на нова и напредна информатичка техника и технологија, а учениците ќе можат да ги продлабочат и прошират своите знаења, вештини и умеења во квалификациите Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Електротехничар за електроника и телекомуникации. дма/са/

Фото: Општина Илинден

 

 

 

 

Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан