• петок, 28 јуни 2024

Опожарено возило во гаражите на „Ист гејт мол“

Опожарено возило во гаражите на „Ист гејт мол“

Скопје, 6 април 2024 (МИА) – Во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје, попладнево во гаражите било опожарено едно возило, по што интервенирале од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Од Пожарна за МИА информираат дека интервенирале со едно возило, по пријава од посетители на молот.

- Завршена е интервенцијата. Станува збор за опожарено едно возило. Службите во „Ист Гејт“ веќе почнале да го гасат. По реакција од посетители, испратено е едно возило со шест пожарникари, информираат за МИА од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Трговскиот бил привремено евакуиран. Причините за пожарот се уште не се познати. аа/хс/

Фото: МИА / МИА архива

Остани поврзан