• вторник, 10 март 2026

Опожарено „БМВ“ во липковското село Ропаљце

Опожарено „БМВ“ во липковското село Ропаљце

Куманово, 9 март 2026 (МИА) - Скопјанец пријавил во кумановската полиција дека две лица со запалива течност предизвикале пожар на неговото возило пред куќа во липковското село Ропаљце.

- Денеска во 04:05 часот во Полициското одделение Матејче, Џ.Е. (25) од Скопје, пријавил дека пред куќа во село Ропаљце, општина Липково, две лица со запалива течност предизвикале пожар во неговото возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки-соопшти полицијата.

Тој го изгаснал пожарот во кој повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот. ам/дма/

 

Фото: МИА

Тагови

Остани поврзан