• сабота, 10 август 2024

Опожарен автомобил во Куманово

Опожарен автомобил во Куманово
Куманово, 9 ноември 2022 (МИА) - Кумановските пожарникари интервенирале на опожарен автомобил на улицата „Гоце Делчев“ во центарот на Куманово, соопштија денеска од регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Автомобилот „фиат пунто“ бил паркиран на улицата. Една противпожарна екипа интервенирала на опожарениот автомобил на улицата во централното градско подрачје, вчера во периодот од 20:40 до 21:15. Од Секторот за внатрешни работи Куманово потврдија дека настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „фиат пунто“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на дваесет и петгодишниот З.З. од Куманово. - Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот, соопштија од полицијата. ам/сст/

Остани поврзан