• понеделник, 23 декември 2024

Операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи на 26 јануари во Националната опера и балет

Операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи на 26 јануари во Националната опера и балет

Скопје, 15 јануари 2024 (МИА) - Операта „Кавалерија рустикана“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет (НОБ) на 26 јануари со почеток во 20 часот. 

-„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени. Операта е едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори во останатите опери кои ги создал по неа, информираат денеска од НОБ.

Операта ќе биде изведена под диригентската палка на гостинката од Украина, Оксана Мадараш, а во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор: Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат Сандра Митровска во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Ристе Велков како Алфио, Катерина Стојановска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија во придружба на хорот и оркестарот од Националната опера и балет. дма/aa/

Фото: Национална опера и балет

 

 

 

Остани поврзан