На Саемот на книгата во Лајпциг промоција на германското издание на романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска
- Промоција на германското издание на романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска, што неодамна го објави издавачот ETA Verlag од Берлин ќе се одржи денесдка на Саемот на книга во Лајпциг.
Лајпциг, 21 март 2026 (МИА) - Промоција на германското издание на романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска, што неодамна го објави издавачот ETA Verlag од Берлин ќе се одржи денесдка на Саемот на книга во Лајпциг.
Настанот е во организација на европската мрежа за литература и книги ТРАДУКИ, а разговорот со авторката и преведувачот на книгата Бенјамин Лангер ќе го води германскиот новинар Ерик Мар.

Романот „Одбројување“ во издание на Или-Или е добитник на наградата Роман на годината за 2017 година и досега има три изданија.
Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 година. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност.
Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии. Авторка е на романите: „Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“, „Одбројување“ (Роман на годината 2017), „На враќање“, „Сè уште можам нешто да сторам“ (Рациново признание 2024) и „Кривата Дијана“ (награда Пегаз 2025). ац/
Фото: Или-Или