• недела, 22 март 2026

Тело на жена во распаѓање пронајдено во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река

Тело на жена во распаѓање пронајдено во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река

Скопје, 21 март 2026 (МИА) - Тело на жена во фаза на распаѓање е пронајдено денеска во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река. Жената не е идентификувана, а причините за смртта се уште не се утврдени. Телото ќе биде предадено на обдукција, информираат од полицијата и ЈОРСМ. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека денеска во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река е пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Претходно ЈОРСМ соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. Починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени. ев/ац/

Фото: МИА Архива 

 

 

Остани поврзан