Хејстингс: Ширењето на заразни болести во Газа доведе до „катастрофа на јавното здравје“
- Светската здравствена организација (СЗО) соопшти за драстично зголемување на акутните респираторни инфекции, дијареа, вошки, шуга и други болести што брзо се шират, и дека 11 од 36 болници во Газа се делумно оперативни, од кои само една е во северниот дел на енклавата.
Ерусалим, 13 декември 2023 (МИА) - Координаторката на Обединетите нации за хуманитарна помош на окупираната палестинска територија, Лин Хестингс, денеска изјави дека Газа се соочува со „катастрофа на јавното здравје“ поради колапсот на здравствениот систем во енклавата и ширењето на болести предизвикани од пренатрупаност.
-Се соочуваме со пример од учебник за епидемија и катастрофа во јавното здравје, рече Хестингс.
Обединетите нации и организациите за хуманитарна помош предупредија на ширење на заразни болести во Појасот Газа, каде внатрешното раселување на 85 отсто од населението поради конфликтот меѓу Израел и Хамас предизвика пренатрупаност во засолништата и другите објекти за привремено сместување, пренесуваат британските медиуми.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти за драстично зголемување на акутните респираторни инфекции, дијареа, вошки, шуга и други болести што брзо се шират, и дека 11 од 36 болници во Газа се делумно оперативни, од кои само една е во северниот дел на енклавата.
Хестингс додаде дека речиси половина од населението на Газа од 2,3 милиони е во Рафа, на југот на енклавата, за да избега од израелското бомбардирање, што доведува до здравствена криза. сд/
фото:МИА архива