ОН: Потребни се 6,7 милијарди долари за справување со сиромаштијата во светот
- На Обединети нации и се потребни 6,7 милијарди долари за да им помогне на најсиромашните луѓе во светот, кои се најпогодени од пандемијата со Ковид-19. Тоа е повеќе од трипати од првичните пр
Њујорк, 7 мај 2020 (МИА) - На Обединети нации и се потребни 6,7 милијарди долари за да им помогне на најсиромашните луѓе во светот, кои се најпогодени од пандемијата со Ковид-19. Тоа е повеќе од трипати од првичните проценки.
Поголема сума на средства се потребни бидејќи се предвидува дека оваа година двојно ќе се зголеми бројот на гладни лица во светот и ќе изнесува 250 милиони.
- Ако не дејствуваме сега, ќе мора да се подготвиме за значителен раст на конфликтите, гладот и сиромаштијата, изјави координаторот за хуманитарна помош при ОН, Марк Лоукок.
Тој додаде пандемијата веќе се одразила врз најсиромашните во светот, бидејќи нивните приходи се намалени, добиле откази, а веќе се соочуваат и со недостиг на храна, а на нивните деца не им се достапни вакцините поради пандемијата.
Лоукок предупреди и дека поради растечката сиромаштија луѓето можат да се приклонат кон естремистиките групи. Тој додаде дека е се зголемени терористички активности на Блиски Исток и во регионот Сахел во Африка.
Исто така, Лоукок истакна дека сиромаштијата може да ги натера луѓето да ги напуштат своите земји во потрага по подобри можности. ми/