• петок, 22 ноември 2024

ОН: 150.000 луѓе се раселени од Кан Јунис за само еден ден

ОН: 150.000 луѓе се раселени од Кан Јунис за само еден ден

Газа, 24 јули 2024 (МИА) - За само еден ден 150.000 луѓе се раселени од градот Кан Јунис во Појасот Газа, изјави синоќа портпаролот на ОН Стефан Дижарик.

Тој посочи дека наредбите на израелската армија до Палестинците да ги напуштат градовите веднаш пред да започнат со нападите носат ризици по животите на цивилите и длабоко ги нарушуваат животите на луѓето.

-Луѓето беа принудени да се преселат во области со мала или никаква инфраструктура, каде што има многу ограничен пристап до засолниште, здравје и санитација или друга хуманитарна помош која спасува животи, рече тој.

Во последните напади на израелската армија врз Кан Јунис загинаа најмалку 70 Палестинци, а најмалку 200 беа повредени.

Израелскиот напад беше извршен веднаш откако Израел издаде нови наредби за евакуација на некои населби во и околу Кан Јунис, со најава за нови напади и тврдења дека израелската армија „ги прилагодува границите на хуманитарната зона во Ал-Маваса за да го задржи цивилното население подалеку од борбените зони“.

Палестинците, Обединетите нации и меѓународните хуманитарни агенции нагласија дека нема безбедно место во окупираната палестинска енклава. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан