• понеделник, 23 декември 2024

ОН: Создадени услови за влегување во сила на Договорот за вооружување

ОН: Создадени услови за влегување во сила на Договорот за вооружување
Њујорк, 25 октомври 2020 (МИА) - Меѓународниот договор за забрана на нуклеарно оружје го ратификуваа 50 членки на ОН, со што се создадоа услови да стапи на сила, соопшти светската организација. Хондурас е последната земја што го ратификуваше договорот, кој ќе стапи на сила за 90 дена, на 22 јануари следната година. Договорот е потпишан во септември 2017 година, а САД и другите светски нуклеарни сили се спротивставуваат на тоа. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги пофали напорите на 50 земји-членки и граѓанското општество да работат на договорот. „Договорот е кулминација на глобалниот обид да се сврти вниманието кон катастрофалните последици од употребата на нуклеарно оружје“, се вели во соопштението на Генералното собрание на ОН. Гутереш исто така рече дека договорот води кон целосна елиминација на нуклеарното оружје, што е еден од највисоките приоритети на ОН. паг/

Остани поврзан