• понеделник, 23 декември 2024

ОН се загрижени поради десетици случаи на колера по поплавите во Кенија

ОН се загрижени поради десетици случаи на колера по поплавите во Кенија

Њујорк, 8 мај 2024 (МИА) - Обединетите нации денеска изразија загриженост откако беа пријавени неколку десетици случаи на колера во Кенија, која е погодена од поплавите.

Според Светската здравствена организација (СЗО), 44 случаи на колера има во една од најпогодените области од поплавите, во областа на реката Тана во источна Кенија.

„Верувам дека со тамошната влада и со националните и меѓународните партнери ќе успееме да ја совладаме болеста“, рече координаторот на ОН во Кенија, Стивен Џексон и посочи дека колерата секогаш предизвикува голема загриженост.

Колерата е акутна цревна инфекција која се шири преку контаминирана храна и вода и предизвикува тешка дијареа, повраќање и грчеви во мускулите. Оваа болест е особено опасна за малите деца.

Според последните официјални податоци, во поплавите во Кенија загинале 238 лица, додека повеќе од 200.000 луѓе останале без покрив над главата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан