• четврток, 19 декември 2024

ОН се договара со Египет за испраќање хуманитарна помош во Газа

ОН се договара со Египет за испраќање хуманитарна помош во Газа

Каиро, 10 октомври 2023 (МИА) - Обединетите нации и хуманитарните агенции преговараат со Египет за испраќање хуманитарна помош во опколениот Појас Газа преку граничниот премин Рафах меѓу палестинската територија и египетскиот полуостров Синај.

Како што изјавија египетскиот и претставникот на агенцијата за помош, властите на Египет стапиле во контакт со Израел и САД за да ги обезбедат хуманитарните коридори во Газа додека трае израелското бомбардирање.

И двајцата дадоа изјави под услов да останат анонимни бидејќи не се овластени да информираат за медиумите.

Напорот за хуманитарна помош дојде откако Израел прогласи целосна опсада на Газа и го запре снабдувањето со храна, гориво и електрична енергија за повеќе од два милиона жители како одговор на ненадејниот напад на екстремистите на Хамас во саботата наутро.

Палестинската агенција за бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека се обидува да прими повеќе од 187.000 Палестинци раселени во Појасот Газа од израелските бомбардирања бидејќи болниците и училиштата се оштетени.

Досега 137.500 луѓе се засолниле во 83 училишта на ОН во Појасот Газа, но тие се преполни, а резервите на вода за пиење се ограничени.

Агенцијата се труди да обезбеди соодветни душеци, производи за чистење и канистри за гориво.

Официјални лица предупредуваат дека речиси половина милион луѓе не можеа да добијат храна оваа недела бидејќи дистрибутивните центри се затворени. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан