• недела, 22 декември 2024

ОН: Речиси 14.000 бремени жени во Либан погодени од конфликтот со Израел

ОН: Речиси 14.000 бремени жени во Либан погодени од конфликтот со Израел

Њујорк, 13 ноември 2024 (МИА) - Речиси 14.000 бремени жени во Либан се погодени од војната меѓу Израел и милитантната група Хезболах, според извештајот објавен денеска од Канцеларијата за човекови права при ОН.

Канцеларијата на Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права (OHCHR) соопшти дека според последните податоци околу 1.500 од овие жени треба да се породат во наредните недели.

Воопшто, ризикот од сексуална експлоатација и злоупотреба на жени е голем во пренатрупаните засолништа во Либан, се вели во извештајот.

Според Меѓународната организација за миграција на ОН (IOM), воените дејствија во Либан принудиле околу 880.000 луѓе да се преселат внатре во земјата. Дополнителни 470.000 лица пребегале во соседна Сирија, каде што граѓанската војна започна во 2011 година.

ОХЦХР апелираше до меѓународните донатори за 426 милиони долари за обезбедување основна поддршка за погодените во Либан. Досега е обезбедена само околу една четвртина од овој износ. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан