• понеделник, 23 декември 2024

ОН: Мерките против коронавирус во Северна Кореја ги влошија човековите права

ОН: Мерките против коронавирус во Северна Кореја ги влошија човековите права
Женева, 3 март (МИА) - Драстичните мерки што Северна Кореја ги презема за борба против коронавирусот ги влошија човековите права и економските тешкотии на граѓаните, вклучувајќи ги и извештаите за глад, изјави Томас Охеа Квинтана, специјален известувач на Обединетите нации за човекови права во Северна Кореја. Северна Кореја, која допрва треба да пријави некој случај на заболен од коронавирус, и покрај тоа што ја дели границата со Кина, ги затвори границите, забрани најголем дел од меѓународните патувања и строго го ограничи движењето во земјата во текот на изминатата година. „Изолацијата на Демократска народна Република Кореја од надворешниот свет за време на пандемијата на Ковид-19 се чини дека ги влошува вкоренетите кршења на човековите права, наведува Квинтан во извештајот. Тој ги повика севернокорејските власти да обезбедат негативните последици од мерките за превенција да не станат несразмерно поголеми од влијанието на пандемијата. паг/  

Остани поврзан