• недела, 28 април 2024

ОН им изразија загриженост на САД поради написите за „надзорот“ на комуникациите на Гутереш

ОН им изразија загриженост на САД поради написите за „надзорот“ на комуникациите на Гутереш

Њујорк, 18 април 2023 (МИА) - Обединетите нации официјално им „изразија загриженост“ на САД поради написите за „надзорот“ на комуникациите на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави денеска неговиот портпарол, жалејќи се на „активности кои се во спротивнсот со обврските на САД".

„ОН ја изразија својата загриженост до земјата - домакин поради неодамнешните извештаи дека комуникациите на генералниот секретар и други високи претставници на ОН биле предмет на надзор и мешање од американските власти“, се вели во соопштението.

„ОН јасно ставија до знаење дека таквите активности не се во согласност со обврските на САД според Повелбата на ОН и Конвенцијата за привилегии и имунитети на Обединетите нации“, додаде тој.

„Вашингтон пост“, повикувајќи се на доверливи документи на Пентагон, објави дека САД ги прислушувале разговорите на Гутереш со други претставници на ОН, посебно за Украина.

Поради објавување доверливи документи пред неколку дена беше уапсен и обвинет Џек Даглас Тешеира (21), припадник на Националната воздухопловна гарда на Масачусетс. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан