ОН: Во конфликтите меѓу Судан и Јужен Судан загинаа 75 лица
- Во конфликтите во спорниот регион Абиеј се убиени 75 лица во последните две недели, изјави претставникот на ОН во Јужен Судан, Николас Хејсом.
Картум, 23 ноември 2023 (МИА) - Во конфликтите во спорниот регион Абиеј се убиени 75 лица во последните две недели, изјави претставникот на ОН во Јужен Судан, Николас Хејсом.
Тој ја повика владата да ги истражи нападите и да ги намали тензиите, а исто така ги повика локалните лидери да се воздржат од употреба на насилство за решавање на меѓусебните проблеми.
Норвешката, британската и американската амбасада објавија заедничко соопштение во кое бараат владата на Јужен Судан да ги повлече своите трупи од регионот Абиеј за да спречи понатамошна ескалација на насилството.
Внатрешните и прекуграничните конфликти ескалираа откако Јужен Судан распореди војници на спорната територија во март. Тамошната мировна мисија на ОН исто така го осуди распоредувањето на тие војници.
И Судан и Јужен Судан полагаат право на Абиеј кој е богат со нафта, но се договориле за привремена административна граница со договор од 2011 година.
Сепак, активистите за човекови права ги обвинуваат двете страни за прекршување на договорот. мс/
фото: МИА архива