Онлајн конференција за борба против трговија со луѓе по повод Европскиот ден на жртвите од криминал
- Онлајн конференција насловена „Борбата против трговија со луѓе во Северна Македонија: Како до подобра превенција и заштита?“ денеска ќе се одржи на платформата ЗУМ во организација на Институт
Скопје, 22 февруари 2022 (МИА) - Онлајн конференција насловена „Борбата против трговија со луѓе во Северна Македонија: Како до подобра превенција и заштита?“ денеска ќе се одржи на платформата ЗУМ во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ по повод 22 Февруари - Европскиот ден на жртвите од криминал.
Целта на настанот е актуелизирање на проблемот со борбата против трговијата со луѓе во земјава, увид во актуелната состојба и препораки за подобрување.
Дискусии со слична тематика ќе се организираат симултано во сите земји од регионот како дел од низата активности организирани и спроведени од страна на организациите партнери на мрежата Радар за организиран криминал на Западен Балкан. Целта на мрежата е придонес кон ефикасна борба против организираниот криминал во земјите од Западен Балкан, која е една од приоритетните области во процесот на пристапување на регионот во ЕУ, особено во рамки на поглавјето 24 за Правда, слобода и безбедност.
Мрежата и спроведувањето на активностите е поддржано од амбасадите на Холандија и на Норвешка во Белград и Балканскиот фонд за демократија. вј/сп/