• недела, 22 декември 2024

Омањала истрча најдобар резултат сезонава на 100 метри

Омањала истрча најдобар резултат сезонава на 100 метри

 

Најроби, 16 јуни 2024 (МИА) – Кенискиот спринтер Фердинанд Омањала постигна најдобар резултат оваа сезона во трката на 100 метри за време на кениските атлетски олимписки квалификации во Најроби.

Во саботата Омањала ја истрча патеката во време од 9,79 секунди.

Овој резултат е за две стотинки послаб од неговиот тригодишен личен рекорд, но е за три стотинки побрз од најдобриот резултат во светот досега оваа година, поставен пред две недели. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан