• понеделник, 23 декември 2024

Олимпијакос ја освои младинската ЛШ, историски трофеј за грчкиот фудбал

Олимпијакос ја освои младинската ЛШ, историски трофеј за грчкиот фудбал

 

Нион, 23 април 2024 (МИА) – Фудбалерите на Олимпијакос ја освоија младинската Лига на шампиони (ЛШ), откако во финалето го совладаа Милан со 3:0.

Финалето се одигра синоќа во комплексот на УЕФА во Нион.

Титулата на младинскиот тим на Олимпијакос е историска за целиот грчки фудбал, бидејќи е прва за клупски тим од оваа земја во историјата на турнирите на УЕФА.

До својата премиерна титула Олимпијакос дојде откако постигна три голови за шест минути во вториот дел.

Ова беше десетто издание на младинската ЛШ во која најуспешни се Челзи и Барселона со по две титули, додека Бенфика има рекордни четири настапи во финалните пресметки, а само еднаш го освои пехарот. ег ФОТО: УЕФА/Фејсбук

Остани поврзан