• понеделник, 23 декември 2024

Олимпискиот факел ќе пристигне во Токио

Олимпискиот факел ќе пристигне во Токио
Токио, 20 март 2020 (МИА) - Олимпискиот факел денеска ќе пристигне во Токио, а потоа е планирано да помини низ цела Јапонија. Организаторите на Олимписките игри во Токио вчера го презедоа олимпискиот пламен во Атина, на церемонија  одржана без публика поради пандемијата со новиот коронавирус. Олимпискиот факел беше предаден на Олимпискиот срадион „Панатинаико“, каде се одржани првите модерни Игри во 1896 година. Олимпискиот факел беше запален пред седум дена, а неговото патување низ Грција беше стопирано 24 часа подоцна поради Ковид-19. Олимписките игри во Токио треба да се одржат од 24 јули до 9 август. ми/

Тагови

Остани поврзан