• вторник, 26 ноември 2024

ОЛАФ откри милиони антиковид неисправни производи

ОЛАФ откри милиони антиковид неисправни производи
Брисел, 11 јуни 2021 (МИА) - Милиони фалсификувани или неисправни здравствени производи се пронајдени во Европска Унија од почетокот на пандемијата со Ковид-19. - Агенцијата за борба против измами на ЕУ (ОЛАФ) пронајде околу 52 милиони неисправни гелови за раце, заштитни маски и тестови, се наведува во годишниот извештај на институцијата. ОЛАФ истакнува дека идентификувани се 1.150 осомничени трговци со фалсификувани производи или производи со грешка. - Од март минатата година, се соочуваме со се поголем број на фалсификувани, неквалитетни и небезбедни производи, на што реагираше ОЛАФ, изјави генералниот директор на Агенцијата, Виле Итал. Тој додаде дека таквите производи најчесто доаѓале од трети земји. ми/

Остани поврзан