• сабота, 16 ноември 2024

Околу 50 загинати во племенски судири во Дарфур

Околу 50 загинати во племенски судири во Дарфур

Картум, 2 јануари 2020 (МИА) - Околу 50 лица се убиени, а 241 се ранети во дводневните племенски судири во Дарфур, на западот од Судан, јави локалниот Црвен крст.

 До судири дошло во неделата и понеделникот во Ел Генеини, главниот град на државата Западен Дарфур, и тоа меѓу вооружени членови на арапско и африканско племе, кои притоа запалиле неколку куќи, допрецизира Црвениот крст.

Најмалку 48 лица се убиени и 241 се ранети, наведува изворот кој не прецизира дали меѓу жртвите има и цивили. Меѓу ранетите 19 лица биле во криктична состојба и веднаш биле префрлени во Картум, на 1.100 километри источно од Ел Генеине. Суданската Влада на почетокот на неделата вовела полициски час во Западен Дарфур. Суданските медиуми наведуваат дека до судирите дошло по кавга меѓу две лица. сд/
 

Остани поврзан