• петок, 22 ноември 2024

Околу 25.000 работни места во „Американ ерлајнс“ загрозени поради пандемијата со Ковид-19

Околу 25.000 работни места во „Американ ерлајнс“ загрозени поради пандемијата  со Ковид-19
Вашингтон, 16 јули 2020 (МИА) – Една од најголемите авиокомпании во светот „Американ ерлајнс“ најверојатно ќе испрати една-петтина односно 25.000 вработени на принуден одмор до октомври поради намалениот број на патувања поради пандемијата со Ковид-19. - Порастот на бројот на новозаболени лица и делумното заторање на некои држави доведоа до пад на домашните патувања во САД, се наведува во писмото на порачаа извршните директори на „Американ ерлајнс“ Даг Паркер и Роберт Изом Во вториот квартл авиокомпанијата забележаа пад од 90 проценти на приходите. „Американ ерлајнс“ доби 25 милијарди долари државна помош, а за возврат се обврза дека нема да го намалува бројот на вработени до крајот на септември. ми/

Остани поврзан