• четврток, 18 јули 2024

Околу 230 китови насукани на Тасманија

Околу 230 китови насукани на Тасманија

Сиднеј, 21 септември 2022 (МИА) - Околу 230 пилот-китови, се насукаа на западниот брег на Тасманија (Австралија). Воздушните снимки покажуваат голем број од овие морски цицачи долж широката плажа на јужниот остров, а само половина од нив сѐ уште се живи, соопшти Одделот за природни ресурси и животна средина на оваа австралиска сојузна држава.

На Тасманија, оваа појава е помасовна, иако се случува китови да се насукаат и на копното на Австралија. Пред точно две години на австралиското крајбрежје се насукаа 500 пилот-китови, од кои 400 угинаа. Не е целосно познато зошто пилот-китовите се насукале. Можно е јатото да било привлечено кон брегот заради храна, или пак, еден - два кита залутале, па другите ги следеле нив.  си/

Остани поврзан