• вторник, 05 ноември 2024

Околу 10.000 вработени во Амазон ќе добијат отказ

Околу 10.000 вработени во Амазон ќе добијат отказ
Њујорк, 14 ноември 2022 (МИА) - „Њујорк тајмс“ денеска објави дека компанијата Амазон планира да отпушти околу 10.000 вработени, почнувајќи од неделава. Весникот наведува дека тоа ќе биде најголем отпуштање во историјата на Амазон. Но, тоа би претставувало помалку од еден процент од глобалната работна сила на Амазон и три проценти од вработените во корпорациите. Амазон на крајот на 2019 година пријави 798.000 вработени, но компанијата имаше 1,6 милиони работници со полно и скратено работно време на 31 декември 2021 година, што е зголемување од 102 отсто, пишува Њујорк Тајмс. Годинава акциите на Амазон се намалија за околу 41 отсто. ми/

Остани поврзан