ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ го модернизира наставниот процес
- Полесно примање на информациите преку визулена презентација на предавањата ќе овозможат 14-те смарт табли што од денеска се монтираат во општинскиот електромашински училиштен центар „Свети На
Охрид, 15 јули 2022 (МИА) - Полесно примање на информациите преку визулена презентација на предавањата ќе овозможат 14-те смарт табли што од денеска се монтираат во општинскиот електромашински училиштен центар „Свети Наум Охридски“.
Покрај тоа, како што информира при денешната посета градоначалникот Кирил Пецаков, во тек е и реновирање на тоалети за лица со посебни потреби и со инвалидитет, како и изградба на лифт за овие лица.
- Училиштето е успешен пример, кој треба да се следи, а ние како локална самоуправа докажавме доста во овие неколку месеци, како и на кој начин сакаме и можеме да вложуваме во образованието, рече Пецаков.
Директорот на училиштето Сашо Недески појасни дека интерактивните табли се со целосно вклучен софтвер кој се карактеризира со едноставно мени со основни алатки, алатки за математика, подршка на PDF документи, можност за снимање на целата презентација како и вклучен дополнителен софтвер за презентација и цртање врз работната површина надвор од едукативниот софтвер. Овие интерактивни табли имаат подршка и за оперативните системи Windows 7/8 и Linux. Инвестицијата е во вредност од 1.100 000 денари и е обезбедена преку секторот за образование на Општина Охрид.
- Со несмалено темпо се движиме кон унапредување и модернизирање на наставата во нашиот центар со тоа што ги подобруваме условите. Во август ќе бидат организирани обуки за професорите за користење на смарт таблите по сите предмети, за полесно да се стигнува до информации, податоци, корисни линкови кои се упоребливи дирекно на самиот наставен час. Мислам дека учениците многу полесно ќе ја прифатат информацијата визуелно преку презентации на смарт таблите, истакна Недески.
Во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ меѓу другите функционира и дуална паралелка поддржана од странските инвестиции на територијата на Општна Охрид. сс/цр