Од 17 часот блокиран граничниот премин Евзони, останатите гранични премини без гужви
- Авто мото сојузот на Македонија попладнево информира дека од 17 часот е блокиран граничниот премин Евзони за секаков вид на сообраќај.
Скопје, 3 јануари 2026 (МИА) - Авто мото сојузот на Македонија попладнево информира дека од 17 часот е блокиран граничниот премин Евзони за секаков вид на сообраќај.
Според информациите од АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. бак/
Фото: МИА архива