• петок, 22 ноември 2024

Од утре затворен за сообраќај регионалниот пат Велес – Градско

Од утре затворен за сообраќај регионалниот пат Велес – Градско
Скопје, 27 септември 2022 (МИА) - Поради градежни работи за реконструкција на регионален пат Р1102, делница Велес – Градско, од утре, па во наредните 9 месеци, оваа делница ќе биде затворена за сообраќај, информира АМСМ. Поради асфалтирање на патниот правец Р2339 од Ново Лагово до Боротино во Прилепско, сообраќајот на овој пат од денеска ќе биде во прекин во двата правци, во периодот од 9 до 16 часот секој ден, освен недела. На учесниците во сообраќајот кои ќе се движат кон Галичани им се препорачува да се упатуваат кон Беровци, а оние кои ќе се движат кон Боротино да се движат кон Веселчани. Според податоците на АМСМ, сообраќајот на државните патишта попладнево се одвива непречено по претежно влажни коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. сп/

Остани поврзан