• сабота, 10 август 2024

Од утревечер почнува годинешното издание на Манифестацијата„Културно лето Пештани“

Од утревечер почнува годинешното издание на Манифестацијата„Културно лето Пештани“

Охрид, 9 август 2024 (МИА) – И оваа година во туристичката населба Пештани на источниот брег на Охридското Езеро ќе се одржи Манифестацијата  „Културно лето Пештани“.

Како што најави организаторот на Манифестацијата, оваа година настаните од сите уметности ќе бидат споени во една целина. Љубителите на уметноста ќе можат повеќекратно да уживаат во миксот од серенадите проткаени со поезија и проза.

Свеченото отворање е предвидено за утре од 20 часот на самиот брег, во центарот на Пештани.

Во периодот од 11 до 13 август со почеток во 17 часот ќе се реализира сликање и цртање на зајдисонце, како и изложување на ракотворби од културната работилница

Манифестацијата ја организира и реализира Граѓанското здружение „ARTE AZZURRA” со поддршка на Општина Охрид. аб/дма/

Фото: плакат

Остани поврзан