• четврток, 19 декември 2024

Од септември бесплатен таблет за четвртоодделенците во Општина Аеродром

Од септември бесплатен таблет за четвртоодделенците во Општина Аеродром
Скопје, 8 август 2022 (МИА) - Во новата учебна година секое дете што посетува настава во четврто одделение во основните училишта во Општина Аеродром ќе добие бесплатен таблет.

-Предвидено е над 800 дечиња да добијат таблет, со што се остварува ветувањето за модерно и современо образование за секое дете во Аеродром. Со оваа мерка, покрај тоа што ќе значи помош за родителите и семејниот буџет, истовремено ќе се подигне и свеста за дигитализацијата и модерните предизвици. Овој проект ќе се имплементира секоја година и претставува континуиран процес што ќе им помогне на најмладите полесно да го совладаат образовниот процес, соопшти Општина Аеродром.

Оттаму посочуваат дека во изминатите неколку месеци е ставен посебен акцент на инвестициите во образованието.

-Во сите училишта учениците добија смарт-табли, на покривите беа поставени фотоволтаици, а неколку други училишта добија нова фасада, проширување на капацитетите и реновирање на просториите. Најмладите се наш врвен приоритет и овие инвестиции ќе продолжат и во иднина, стои во соопштението од Општина Аеродром. мд/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан