• сабота, 23 ноември 2024

Од последиците на циклонот Фреди во Малави погинаа над 1.000 лица

Од последиците на циклонот Фреди во Малави погинаа над 1.000 лица

Лилонгве, 13 април 2023 (МИА) - Бројот на погинати од циклонот Фреди во Малави се зголеми на над 1.000 лица, а повеќе од половина милион се раселени, изјави претседателот на земјата, Лазарус Чаквера.

-Циклонот погоди околу два милиона лица, додаде тој, пренесува Анадолија.

Претседателот ги повика жителите на Малави да работат заедно додека земјата закрепнува од катастрофата што оштети 405 километри патна инфраструктура, 63 здравствени установи и 500 училишта.

Циклонот Фреди во март протатни низ Мозамбик и Малави, два пати за еден месец, уништувајќи десетици илјади домови и предизвикувајќи огромни поплави.

Во соседен Мозамбик беа уништени повеќе од 33.000 домови, а регистрирани беа уште 76 смртни случаи. сд/

Остани поврзан