• петок, 05 декември 2025

Од понеделник во продажба билетите за реваншот Алкалоид – АЕК

Од понеделник во продажба билетите за реваншот Алкалоид – АЕК


Скопје, 16 мај 2025 (МИА) – Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК ќе бидат пуштени во продажба в понеделник во 13:00 часот.
Првиот од двата натпревари за трофејот во третото по ранг европско ракометно клупско натпреварување ќе се игра во Атина в недела, додека реваншот во Скопје е на програмата на 25 мај.
Алкалоид ќе го пречека грчкиот тим во салата „Борис Трајковски“, а дуелот е со почеток во 20:30 часот.
Цената на билетите ќе изнесува 200 и 300 денари, а продажбата ќе се реализира преку продажната мрежа на „МКТикетс“, соопшти Алкалоид. ег
ФОТО: РК Алкалоид/Фејсбук

Остани поврзан