• сабота, 23 ноември 2024

Од вечерва 36. издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“

Од вечерва 36. издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“

Охрид, 15 август 2024 (МИА) – Поети од Велика Британија, Ирска, САД, Хрватска, Србија и Северна Македонија ќе бидат дел од годинешното 36-то по ред издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ што од денеска ќе се одржува во истоименото охридско село.

Настаните за ова поетско издание предвидено е наредните два дена да се случуваат на повеќе локации ов Велестово и во Охрид. 

Оваа година наместо преку беседа, творештвото на поетот во фокус ќе биде претставувано преку разговор, во дослух со современите трендови. Исто така, се воведува настанот „Поетско интермецо“ преку кој странските поети ќе имаат можност да читаат и пред публиката во Велестово, а не само во Охрид.

Отворањето на манифестацијата е сретсело во Велестово со „Езеро“ ‒ мал музички концерт на хрватската кант-авторка Нина Ромиќ во придружба на Јелена Галиќ. Потоа следува поетскиот портрет на Елизабета Баковска, настанот „Поетско интермецо“, а вечерта ќе биде затворена со изложбата на фотографии „Паметници на заборавот“ од Сашо Димоски, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

На програмата е и интернационалното поетско читање „Мозаик“ со настап на поетите Патрик Котер (Ирска), Фиона Сампсон (Белика Британија), Иван Херцег (Хрватска), Марко Ѓорѓевиќ (Србија), Минг Ди (Кина/САД), Елизабета Баковска, Владимир Мартиновски и Христина Цветаноска од Македонија. аб/дма/

Фото: Плакат

Остани поврзан