• петок, 22 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
22 јануари 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 јануари. Денеска е Св. маченик Полиевкт. Свети Полиевкт се прослави за време на гонењето на римскиот император Валеријан (253 - 260). Тој беше римски војник, незнабожец, но имаше големо пријателство со еден друг војник христијанин Неарх. Големата љубов што ја чувствуваше кон Неарх му го отвори умот и срцето за самата љубов, т. е. за христијанскиот Бог. Како христијанин, свети Полиевкт беше погубен во градот Мелитина на реката Еуфрат, а по него беше погубен и Неарх. Моштите на свети Полиевкт се наоѓаа во Мелитина се до 15-от век. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Винко. Покрај светиот Стјепан, прв ѓакон и маченик, свети Ловр, римски ѓакон и маченик, црквата го почитува и третиот ѓакон, свети Винко. Тој бил ѓакон во црквата во хиспанскиот град Цезараугусти, денешна Сарагоса. Бил жртва на крвавите Диоклецијанови прогонства. Од него барале да се одрекне од верувањето во Христос, а тој избрал да биде мачен. ###

Остани поврзан