• петок, 22 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
10 февруари 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 јануари. Денеска е Преподобен Ефрем Сирин. Преподобен Ефрем се роди во 306 година во Нисивин, Сирија. Потекнуваше од родители христијани. Уште во раната младост го засака подвижничкиот живот. Подоцна стапи во клирот, но од смирение не напредуваше подалеку од ѓаконски чин. По освојувањето на Нисивин од страна на Персија се пресели во Едеса, каде што ја основа познатата Едеска библиска школа. По еден живот полн со непрестани подвизи и грижа за изградба на Црквата, овој голем светител го остави овој свет околу 373 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Сколастика. Таа е сестра на свети Бенедикт. Родена е во Нурсија во Умбрија, во 480 година. Заедно со нејзиниот брат во монашкиот живот му се посветила на Господ. Божјиот народ ја повикува против громот и кога е суша, за да заврне дожд. На неа и се посветени многу цркви и манастири. Умрела во манастирот Монте Касино, во 547 година. ###

Остани поврзан