• понеделник, 23 декември 2024

Одрон на патот Кочани – Македонска Каменица, сообраќајот се пренасочува

Одрон на патот Кочани – Македонска Каменица, сообраќајот се пренасочува
Скопје, 13 јануари 2021 (МИА) - Поради одрон во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – Македонска Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен, информираат од АМСМ. За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец  Р2345 Кочани - Виница – Бигла – Делчево, а тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Р1304 Кочани – Виница – Берово – Делчево. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Од АМСМ информираат дека слаб снег провејува на Попова Шапка, додека на планинскиот премин Плетвар намалена е видливоста од 10 – 20 м поради густа магла. АМСМ потсетува дека од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. аа/дма/

Тагови

Остани поврзан