• петок, 22 ноември 2024

Одржан најавениот состанок за решавање на проблемот со водоснабдувањето на Ѕвегор

Одржан најавениот состанок за решавање на проблемот со водоснабдувањето на Ѕвегор

Делчево, 9 јули 2024 (МИА) - Во Делчево се одржа најавениот состанок со жителите на село Ѕвегор за решавање на проблемот со водоснабдувањето. Состанокот по собирањето на потребните потписи од жителите го одобри градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој по завршување на средбата излезе со заклучок дека потребна е итна средба со претставници на Министерството за транспорт и врски кои се  договорен орган за извршување на градежните работи за приклучување на селото на новиот водоводен систем.

-Сите сме согласни да закажеме состанок со Министерството за животна средина, да им укажеме со што се соочуваат жителите и да видиме на кој начин со Министерството како договорен орган вој проблем може да се реши, рече Трајковски.

Горан Гошевски, жител на село Ѕвегор кој во име на потпишаните граѓани заедно со двајца други претставници учествуваше на собирот стравува дека целосното решавање на проблемот ќе се оддолжи до есента.

-Главниот проблем е што фирмата изведувач ни е уништен постоечкиот водовод, а не се наѕира крајот на завршување на новиот.  Се плашам дека и есен ќе дочекаме без вода. Трпението на населението е при крај и доколку нема реакција на населението, кон крајот на оваа седмица можеме да настапиме и порадикално со блокирање на Меѓународниот пат Македонија - Бугарија, истакна Гошевски.

Според него, тоа е единствен начин на кој може да се изврши притисок на надлежните да се сврти вниманието на проблемот на повисока инстанца. 

-Треба некој да се замисли дека во 21 век во Делчево постои село, најголемо село без вода за пиење, на плус 40 степени во нечовечки услови е неприфатливо, додаде Гошевски.

Директорот на Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница" Стојче Стојковски посочи дека претпријатието ги изнело  своите аргументи, посочувајќи дека жителите се во право, бидејќи според него се пробиени роковите за приклучок и на Ѕвегорци на водоводниот систем од кој се снабдува најголем дел од населението на Делчево. вс/ 


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан