Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, Дејан Јанковиќ, останатите полицајци ослободени
- Претходно беше соопштено дека „четворица припадници на косовската полиција се задржани во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е приведен“
Белград, 18 април 2024 (МИА) - По задржувањето на четворица припадници на косовската полиција, одреден е притвор до 48 часа за заменик директорот на косовската полиција, Дејан Јанковиќ, за утврдување на фактите и потребните проверки во врска со безбедноста на Република Србија, соопшти српското МВР
Останатите лица се пуштени по безбедносни проверки.
Претходно беше соопштено дека „четворица припадници на косовската полиција се задржани во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е приведен“.зш/