• петок, 22 ноември 2024

Одлуката за спојување на концесиите за рудникот Иловица пред Владата, Бектеши ќе информира за натамошната постапка

Одлуката за спојување на концесиите за рудникот Иловица пред Владата, Бектеши ќе информира за натамошната постапка

Скопје, 18 јули 2023 (МИА) - Владата денеска на седница ќе ја преиспитува Одлуката за спојување на концесиите за рудникот Иловица-Штука. Се очекува министерот за економија Крешник Бектеши да даде поопширна информација околу натамошната постапка.

Во саботата, со блокирање на централната градска крстосница во Струмица, активисти и граѓани го искажаа своето незадолство од одлуките на судовите и Владата за спојување на концесиите за експлоатација на минерални суровини на локалитети во општините Босилово и Ново Село. Испратена беше пораката дека во ниту еден момент никој не смее да помисли дека е можно отворање рудник во Струмичко. 

Со блокирање на централната градска крстосница во Струмица активисти и граѓани од Струмичко и регионот го искажаа своето незадолство од одлуките на судовите и Владата за спојување на концесии

Премиерот Димитар Ковачевски го повтори ставот на партијата и на Владата, дека ако граѓаните не сакаат, рудник нема да има. Според него, концесиите се дадени во времето на ВМРО-ДПМНЕ, во 2012 и 2013 година, а СДСМ, како што напомена, и денес е против отворање рудници. 

Вчера се огласија и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Во меѓувреме реагираа и некои политички партии. ЛДП ја осуди Одлуката за спојување на концесиите и информира дека е против отворање на рудникот Иловица. Партијата преку соопштение потсети на правото на безбедна, здрава животна средина и наведе дека им се придружува на граѓаните во изразувањето незадоволство.

-При носење одлуки за вакви прашања, мора да се земе предвид ставот на регионалното население, реагира ЛДП и оценува дека ниту еден профит никогаш не може да го оправда компромисот за здравјето на граѓаните.

Според Демократскиот сојуз (ДС), пак, за спојувањето на концесиите мора да се понесе одговорност.

-Владата на предлог на министерот за економија донела едногласна одлука за спојување на концесиите на рудниците во Иловица, наводно по барање на инвеститорите од 2016 година. Дилемата е дали министрите од СДСМ биле манипулирани од министрите на ДУИ или немале храброст да се спротивстават, соопшти ДС.  

Kryeministri Dimitar Kovaçevski bashkë me zëvendëskryeministrin për Çështje Ekonomike Fatmir Bytyqi sot në Tiranë morën pjesë në takimin joformal të kryeministrave të vendeve të Ballkanit Per

-СДСМ од прв ден бил против тие рудници и денес е против отворање рудници кои не ги сакаат граѓаните во нивните места. На следната владина седница министерот за економија повторно, со сите документи од 2012 година, бидејќи не се работи само за една судска одлука, заедно со неговите стручни служби, ќе ги информираат сите министри за понатамошната постапка. Меѓутоа, јасен е ставот и на Министерството за економија и на Министерството за животна средина и на претседателот на Владата дека рудник нема да има ако тоа не го сакаат граѓаните од регионот каде што се дадени двете концесии. Концесиите се дадени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а рудници не се отворени благодарение на тоа што Владата на СДСМ води постапка да не се отвораат рудници, рече Ковачевски во саботата.

Според Тренчевска, Одлуката за спојување на концесиите за рудникот била донесена како дополнителна точка, а во такви случаи Владата се потпира на образложението од ресорниот министер.

-Рудник нема да има, зашто ставот на министрите од СДСМ е ист со ставот на граѓаните од општините во струмичкиот регион, Ново Село, Босилово и Василево. Гласањето за таа точка на самата седница беше ставено дополнително, и вообичаено кога имаме дополнителни точки образложението што го дава министерот надлежен за одреден ресор е образложение на коешто ние се потпираме и затоа ја гласавме точката. Меѓутоа, на утрешната седница ќе имаме пооопширна информација од страна на министерот за економија и од вработените во Министерството за економија кои работат во правниот сектор каде што се доделуваат концесиите за да ни образложат се, сите судски одлуки, сите дополнителни документи што ги имаат издаено, и утре ќе ја преиспитуваме одлуката за спојувањето на концесиите, изјави Тренчевска.

The Government is to reassess the decision to merge the concessions for the Ilovica mine at a session Tuesday, and will review a more extensive report from the Minister of Economy Kreshnik Be

Министерката Славјанка Петровска не гледа ништо спорно ако се констатира дека за некоја одлука што Владата ја донела, треба да има ревизија.

-Тоа не е слабост на министрите, напротив тоа е нивно покажување на достоинство дека знаат да се коригираат. Очекувам на утрешната седница на Влада, како што беше дискутирано, повторно да биде отворена оваа точка, рече министерката. 

На новинарско прашање дали смета дека се изиграни од министерот за економија Крешник Бектеши, Петровска рече дека тоа е тежок збор, како и дека е најважна доблеста да се побара ревизија на одлуката. 

Во саботата, на протестниот собир, беа истакнати барања за раскинување на концесиите, како и за утврдување одговорност за сите кои придонеле да се отвора рудник во Струмичко. На протестот присутвуваа министрите Тренчевска и Каја Шукова, пратеници од регионот, градоначалници, членови на Совети и Владиката Јаков од Струмичката епархија на МПЦ.

Реагираше и компанијата на „Еуромакс ресоурцес“ која порача дека само со конструктивен дијалог и стручно презентирање на фактите сите загрижености ќе бидат соодветно адресирани.

-Во таа насока е и нашата безрезервна подготвеност да се формира „независно мониторинг тело“ во кое ќе бидат вклучени заинтересираните граѓански здруженија, локалната управа и експертите, за да го следат процесот на реализација и работење на идниот рудник, се наведува во реакцијата на „Еуромакс ресоурцес“. мч/ев/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан