• понеделник, 23 декември 2024

Одеса нападната со балистички ракети

Одеса нападната со балистички ракети

Одеса, 28 јуни 2024 (МИА) - Претпладнево силни експлозии одекнаа во Одеса. Украинскиот црноморски град е нападнат со балистички ракети, објавија локалните медиуми на апликацијата Телеграм.

„Сите жители на Одеса треба да се засолнат на безбедни места. Побарајте го најблиското засолниште во градот на интерактивната мапа 'Засолниште/засолниште за бомби'“, повика градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов.

Пријавено е и присуство на разузнавачки дрон кој се уште не е уништен. Можни се повторени лансирања на ракети, предупредуваат властите.

Локалните власти ги повикаа сите жители на Одеса и да останат во засолништата. паг/

Фото: Х



 



 
 
 

Остани поврзан