• недела, 22 декември 2024

Одговорност ќе има, но исклучиво заради причините и аргументите на основа на вештачењето, порача Заев

Одговорност ќе има, но исклучиво заради причините и аргументите на основа на вештачењето, порача Заев
Скопје, 23 септември 2021 (МИА) - Мене ми се потребни влезните информации од извештајот, за да можам мирно да спијам и слободно да ја донесам и оправдам одлуката, без разлика дали е оставка и прифаќање или, пак, неприфаќање, изјави премиерот Зоран Заев, во однос на  одлуките за оставките на првите луѓе во здравството по пожарот во тетовската модуларна болница. Заев, во вечерашното гостување на Телевизија 24, посочи дека чека на тоа што ќе се потврди со, како што кажа, „професионалното, целосно независно вештачење“. - Штом ќе се соопштат причините за пожарот, сите детали неопходни, тогаш јас ќе можам да изградам свој став по основ на овие, според мене, високо етични морални чекори кои што се направија од страна на министерот, заменик-министерот, директорот, и економскиот директор таму, изјави премиерот. Тој потенцираше дека одговорност секако ќе има, но исклучиво заради причините и аргументите кои што ќе бидат на основа на вештачењето. - Не би бил чесен ако кажам дека не сум задоволен од Филипче и заменикот Илир Хасани. Задоволен сум. Тоа го кажуваат граѓаните на сите истражувања и анкети. Зошто, заради начинот на однесувањето за време на пандемијата, начинот како се справуваше со сите одговори, прашања, транспарентноста, стабилноста, работењето со експертите, со сè. Втора работа, како кај секој човек, и кај мене, пандемијата трае, бројките се на едно лато и не се спуштаат, уште траат, горе се и треба и со тоа да се управува. Тука е одговорноста, ќе учите некој следните шест месеци, која е цената што ја плаќате со тоа, а притоа не знаете, има ли вина човекот, и заменикот, и директорите, зборувам за сите, потенцираше Заев. Премиерот изјави дека тој не е човек кој што така лесно се откажува од добрите луѓе кои што ѝ служат добро на државата. - Дали има некаде пропусти, дали има невнимание, многу често, етичкиот дел се дава од тоа да се испрати пораката за да следните, не само министер за здравство, и други, внимаваат на процедурите, на принципите, на сè. Тоа е односот кој што сакаме да го воочиме, и од тука, како секој човек, сакам да донесам свој став и свој заклучок, посочи Заев. Во однос на прашањето дали може да се спореди со оставката на Миле Јанакиески, поради несреќата на бугарските туристи на Охридското езеро, која Груевски, своевремено не ја прифати, Заев изјави дека се работи за различни околности, времиња и луѓе, но, и покрај тоа, смета дека Миле Јанакиески, не бил виновен за несреќата бидејќи, како што кажа не ги знаел околностите за истата и не е фер да обвинува.ар/лв/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан